Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryn3d9jknnetnrd7h9bkq

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на обвинувањата од СДС за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, оценувајќи дека опозициската партија со, како што наведуваат, лаги и манипулации се обидува да ја прикрие одговорноста на сопствените кадри.

— реклама —

Од владејачката партија тврдат дека СДС и нејзиниот претседател Венко Филипче ја насочуваат јавноста кон, како што велат, погрешна адреса и покажуваат непознавање на институционалните надлежности.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции, а во Гостивар локалната власт ја предводат кадри поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Оттаму посочуваат дека градоначалникот Валбон Лимани е нивен политички избор и дека токму таму треба да се бара одговорност.

„Наместо да одговорат кој потфрлил таму каде што тие ја имаат локалната власт, СДС секојдневно пласира невистини и ја насочува јавноста кон погрешна адреса“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението се додава дека надлежните институции и служби работат на надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, додека, според ВМРО-ДПМНЕ, СДС продолжува со политички обвинувања.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека веќе е обезбедена технички исправна вода за лична и домашна хигиена, а во најкус можен рок, согласно проценките на надлежните служби, се очекува да биде обезбедена и безбедна вода за пиење за жителите на Гостивар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 9 часа

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Македонија | пред 2 дена

media-librarya6l17hb7v44f3fAbd3F

ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања