Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Лајчак: Промената на името на Македонија беше поголем проблем од Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
311708_1200x-960x638

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак оцени дека косовскиот проблем не е толку тежок и може да се реши полесно отколку што беше случајот со промената на името на Северна Македонија. Министерот рече дека решението за косовското прашање е во дијалогот помеѓу Белград и Приштина што го закочија таксите кои ги воведе Косово.

— реклама —

„Единствен пат за решавање на проблемот е продолжувањето на дијалогот, а меѓународната заедница треба да направи сѐ за да дојде до тоа“, објасни Лајчак во интервју за „ОРФ“.

— реклама —
— реклама —

Меѓународната заедница, смета Лајчак, мора јасно да каже оти верува во дијалог и не поддржува еднострани акции на било која страна што ги нарушуваат односите.

— реклама —

Во моментов постои мала доверба помеѓу партнерите во дијалогот, но тој нема алтернатива. Дијалогот ги решава конкретните проблеми, помага да се воспостави добербата и е во насока на европската интеграција, објасни Лајчак, пренесе „Н1“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања