„Лајка“ го згрижи кучето Бела од Ново Лисиче, за кое имаше закани по неговиот живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

После секојдневните пријави и закани по животот за кучето Бела, од жител на населбата Ново Лисиче, таа е заловена од тимот на ЈП Лајка.

— реклама —

Во моментов Бела е згрижена и се адаптира на новата средина. Важно е дека е на безбедно и ги помина сите потребни прегледи.

— реклама —

Многубројни граѓани кои се грижеле за Бела повеќе од 8 години посочуваат дека таа не е опасна по животот на луѓето, ниту пак има агресивна природа, туку е исклучително питома.

— реклама —

За кратко време, со својот племенит карактер Бела ги освои срцата на вработените во прифатилиштето кои направија неколку фотографии од неа и кои ќе се потрудат да и најдат соодветен дом.

--

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања