„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Лајка започна кампања: Стоп за петардите! Вдоми куче и прослави ги празниците на поинаков начин!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
viber_image_2020-12-22_10-09-06

Моментално сме на прагот на празничната сезона која годинава ќе ја прославиме на малку поинаков начин. Овој празничен период е најстресно време за животните, особено за оние кучиња кои не по своја вина се бездомни и напуштени. Употребата на петарди и останати пиротехнички средства предизвикува не само физички повреди туку и голем стрес, страв, психички шок, доживотни трауми и неретко смрт од срцев удар кај кучињата.

— реклама —

Земајќи го во предвид овој проблем кој се провлекува со годинити и истиот претставува сериозна закана и опасност по животот на кучињата, а истовремено поттикнати од реакциите и пријавите од граѓаните, ЈП Лајка ја започна својата кампања СТОП ЗА ПЕТАРДИТЕ! ВДОМИ КУЧЕ И ПРОСЛАВИ ГИ ПРАЗНИЦИТЕ НА ПОИНАКОВ НАЧИН!

Нашата цел е да ја подигнеме свеста кај граѓаните за опасноста на која сме изложени сите и да го свртиме вниманите кон превентивните мерки во полза на заштита не само на бездомните кучиња, туку и на домашните миленици.

— реклама —

Апелираме до сите граѓани да ја одбегнат употребата на петарди за лична и за сечија безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања