Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Лајонел Ричи откажа два концерта откако му се слоши на сцената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryjd36ikjeg18n9DQgull
wikimedia commons

Легендарниот пејач Лајонел Ричи беше принуден да откаже два концерта откако му се слоши за време на првиот настап од неговата нова турнеја.

Компанијата „Лајв Нејшн Чикаго“ во четвртокот соопшти дека концертите во Чикаго и Колумбус, закажани за 26 и 27 јуни, се одложени.

Според соопштението, лекарите му препорачале на 77-годишниот музичар да одмори и целосно да закрепне пред повторно да се врати на сцената заедно со групата „Ерт, Винд енд Фајр“.

— реклама —

„Лајонел и „Ерт, Винд енд Фајр“ ќе ја продолжат турнејата во вторник, на 30 јуни, со концерт во Питсбург“, се наведува во соопштението.

Се додава дека Ричи е многу разочаран поради одложувањето на настапите, но со нетрпение очекува повторно да се сретне со својата публика. Новите датуми за концертите ќе бидат објавени дополнително.

— реклама —

До здравствените проблеми дошло за време на концертот во арената „Гранд Казино“ во Сент Пол, Минесота, кога на Ричи му се слошило додека го изведувал својот хит „Dancing on the Ceiling“.

Откако седнал на платформата на сцената, четирикратниот добитник на наградата Греми ѝ рекол на публиката дека му се врти и низ шега изјавил:

„Кога ви се врти, седнете.“

— реклама —

Потоа седнал зад клавирот и продолжил да ја изведува песната „Three Times a Lady“, по што следела непланирана пауза.

Околу 40 минути подоцна, саксофонистот Дино Солдо ја известил публиката дека Ричи не се чувствува добро и дека нема да може да го продолжи концертот.

— реклама —

Според тапанарот на „Ерт, Винд енд Фајр“, Џон Парис, пејачот пред настапот не покажувал никакви знаци на здравствени проблеми и најверојатно станувало збор за блага дехидратација.

Според „ТМЗ“, по инцидентот Ричи бил прегледан од медицински лица зад сцената, а потоа од претпазливост бил пренесен во болница.

Турнејата на Лајонел Ричи и „Ерт, Винд енд Фајр“ опфаќа вкупно 26 настапи низ Северна Америка, а по одложените концерти се очекува да продолжи со настапите во Торонто, Бостон, Њујорк, Филаделфија, Сан Франциско и Лос Анџелес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања