Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Ласкарци“ спасен во последен момент од ново судење - судијката делигирана во Кривичен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
aleksandra-risteska

Судијката Александра Ристеска, ќе остане во Кривичен суд се до објава на пресудата за случајот „Ласкарци“. Ова го одлучија членовите на Судски совет и го спасија предметот од враќање на предметот на ново судење. Ристеска доби укажување дека нејзиното постапување го загрозило предметот, што е недозволиво.

„Предлагам судијката да биде упатена времено во Кривичен суд, до завршување на рочиштето за објава на пресудата, оти може на 25. да не биде објавена, за да ги избегнеме сите последици“, кажа судијката Антоанета Димовска, член на Советот.

— реклама —

По ова, предлогот беше изгласан.

— реклама —

„Констатирам дека едногласно е донесено решение со дадениот предлог“, кажа претседателката на Весна Дамова.

— реклама —

Во дискусијата беше констатирано дека е нужно Ристеска да биде делегирана во Кривичен суд.

„Нужна е потребата да биде испратена за судија во Кривичен суд, додека трае советувањето и гласањето како и објавата на пресудата“, рече адвокатката Тања Чачарова, член на Судски совет.

Укажување за однесувањето на судијката избрана во Апелација дојде и од членот Ивица Николовски. Тој кажа дека сензитивен е карактерот на предметот „Ласкарци“.

„Апел и укажување до судијката која денес, даде свечена изјава, а има содржина, дека треба да ги почитува сите позитивни прописи. Истата изјава ја дала и претходно кога ја избрале. Јас очекував судијката да го извести Судски совет, за ние во поорганизирани услови да се произнесеме за оваа точка. Во конкретниов случај, апелирам до сите судии, да не се однесуваат толку слободно и комотно, да си ги знае обврските и да знае кои се последиците“, рече Ивица Николовски, член на Судски совет.

sudski-sovet-5151

За седум дена треба пресуда, а во Судски совет обид да се спаси „Ласкарци“ од враќање на повторно судење

Судијката Александра Ристеска даде заклетва за апелационен судија и не го извести Судскиот совет дека за седум дена има објава за пресуда за случајот „Ласкарци“. Нејзиниот избор во повисокиот суд, ќе го врати предметот на повторно судење. Судскиот совет одржува итна седница за делигирање на Ристеска во Кривичен до објавување на пресуда.„Штетните последици кои можат да настанат ако оваа седница не се одржи – а тоа е одлагање на објавување на пресудата, предметот ќе го врати од почеток. Разочарана сум! Имаше начини да се одложи заклетвата. Не бев известена дека објавата е на 25.01.2024 година. Судијата и денеска го сретнав и не ме извести за тоа“, кажа Дамева.Кривичен суд побара судијката Ристеска да биде делигирана во Кривичен суд, за да не се менува судечкиот совет, а тоа да ја одолговлечи постапката. Претседателот Иван Џолев, ја бараше оваа итна седница.Судењето за „Ласкарци“ еднаш почна од почеток. Причината за тоа беше што доцнеа супервештачења.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања