Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лашкоска: Реконструкцијата на владата нема да овозможи функционирање на парламентот и институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ane14022023

Една година помина од кога на чело на оваа влада е Димитар Ковачевски, истиот тој барајќи спас за себе и уште некое време дишење на шкрги на ова парламентарно мнозинство денес ни нуди разрешување на министри, а потоа на наредна точка именување на нови министри, вели Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

— реклама —

Лашкоска смета дека и оваа реконструкција нема да овозможи на владата и парламентот да функционираат, додавајќи дека Ковачевски ги испазарил министерствата за здравство, правда и информатичко општество.

Премиерот Ковачевски мачејќи се да има некакво парламентарно мнозинство на Пазар 3 во просториите на Илинденска ги испазари министерствата за правда, здравство, информатичко општество, и заменичките места за земјоделие и одбрана. Но, и да се изгласа реконструкција на оваа влада нема да овозможи функционирање на парламентот, а со тоа и на институциите во државата, рече таа.

— реклама —

Според Лашкоска предлогот за разрешување на министрите Ковачевски треба прво да го гледа како свој личен неуспех.

— реклама —

Предлогот за денешното разрешување треба Ковачевски прво да го гледа како свој личен неуспех, затоа што пазарењето не треба да е причина за промена на министри, додаде Лашкоска.

Лашкоска се осврна на неспособноста и неуспехот на досегашните министри, укажувајќи дека тоа е една од најголемите причини зошто Ковачевски треба да си поднесе оставка и да си замине.

— реклама —

Една од најголемите причини зошто Ковачевски денес заедно со овие министри треба да си поднесе оставка и да замине е здравството во државата. Здравство немаме, здравството тоне, потенцираше Лашкоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања