Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarypicfbi77aovv7bJV2BT

Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од дебатната емисија ,,Само вистини“ на телевизија Канал 5, и реплицираше на Сања Лукаревска, пратеник на СДС, а гости во емисијата беа и Даниел Стојчевски и Халил Снопче. Ласовска истакна дека покачување на цените на горивата нема да има, и како што вели таа, деривати има доволно.

— реклама —

„Од влада која што неколкукратно ги покачи акцизите,не можеме да бараме совет.Она со кое што можеме да се согласиме, е дека сите оние мерки коишто, СДСМ деновиве ги истакнуваат, не се исклучени“, вели Ласовска.

— реклама —

Ласовска посочи дека залихите на деривати се доволни, па граѓаните не треба да се грижат за поскапување.

— реклама —

„Не е точно дека се покачиле горивата, дизелот само ќе се покачи 3 и пол денари. Она што како Влада вчера јасно се стави до знаење, е дека од денес ќе имаме практично 30 дневна кризна состојба, деривати имаме доволно. Граѓаните треба да бидат спокојни, нема да се покачуваат цените на горивата, а со тоа значи и дека нема да се одврти онаа спирала на покачување. Ќе интервенира Владата. Оваа мерка е сега почетна. Како што кажавме, може да биде и до 0%. Сега е на 10% ДДВ-то, може да дојде до 5%, може и до 0“, истакна Ласовска и додаде:

„Не значи дека за овие две недели нема да интервенираат, доколку нешто се случува. Она што може Владата да интеревенира, го прави сосема навремено“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library76jvfjrm8rnu2dYIec2

Ласовска: Ако СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го каже, а не да ги блокира реформите

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања