Промени тема
Контакт

Ласовска до владејачкото мнозинство: Нас не не бирате вие, туку граѓаните на избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Blagica-Lasovska

„Доколку внимателно следите оние кои што следат собраниски канал и се прашуваат што овие два дена расправаат пратениците, претпоставувам нема да ви е јасно а можеби ќе мислите и дека владејачкото мнозинство и парламентарното мнозинство е загрижено за вас почитувани граѓани, и во доцните ноќни часови решило да направи еден сет на мерки како вашата сиромаштија да ја направи поиздржлива и како да ви го подобри животот на вас граѓаните. А, устите на власта им се полни со вас, дека еве вие им го давате легитимитетот и дека они се ќе направат за вас. Но, морам да ви кажам почитувани граѓани дека откако е ова парламентарно мнозинство овој мандат два пати во доцните ноќни часови се расправа за итни и неодложни работи, а тоа се минатата година кога требаше оваа Влада да му даде 33 милиони евра на еден тајкун, ваши пари му ги дадоа на еден тајкун и купија гасовод стар 25 години. А, со тие пари можеше да се направи нов гасовод. Е, сега имаме проблем и со гас и со електрична енергија ама така Зоки Заев решил, судски спор се решаваше во Собранието“, истакна Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната собраниска седница.

Ласовска додаде дека денеска во Собранието се расправа за тоа дека Добрила Кацарска решила преку медиумите да му упати порака на Талат Џафери како да ја откочи Комисијата за избори и именувања, која што патем кажано не е ниту закочена.

— реклама —

„Пред три недели, јас сум заменик член, пред три недели таа Комисија заседаваше. Значи има начин. Истиот тој Талат Џафери, претседателот на Собранието, на интервјуто на една национална телевизија пред неколку дена на отворени прашања како мислите да направите полуделовнички маневар, тој одговори никако не можам да направам кој тоа мисли на сила да направи неделовнички чин, јас на сила не можам на пленум да сменам пратеник од комисија за тоа што морам да имам материјал од самата комисија. Е, сега што се случува во меѓувреме, претпоставувам владејачката партија ДУИ со нејзиниот помал коалиционен партнер СДСМ нашле начин, се разбира преседан за да сменат пратеник од комисија“, нагласи Ласовска.

— реклама —

Ласовска посочи дека грубо се крши Деловникот. Од владејачкото мнозинство се повикуваат на член 114 и член 63 од Уставот и велат дека пратениците се избрани и именувани лица.

— реклама —

„Но, го забораваат членот 62 вeчните адвокати и правници во ова парламентарна група каде што вели член 62 од Уставот – „Собранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници, пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори на тајно гласање“. Пратениците не ги бира парламентарното мнозинство, сите нас пратеници не избираат граѓаните“, укажа Ласовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања