Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ласовска: Договорот за коридорите е лукративен, кој е потпишан од една врхушка, без никаква транспарентност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Blagica-Lasovska

Се работи за крајно лукративен договор кој една врхушка го има заклучено и потпишано, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната собраниска расправа за предложените законски измени со европско знаменце.

— реклама —

„Цела опозиција, јавност, стручна фела, медиуми, европска комисија и велат на оваа Влада во заминување да не го прави ова или ако веќе нешто планирала да прави да прави согласно правила и прописи и европски регулативи, но ова си тече во Собранието“, рече Ласовска.

— реклама —

Таа додаде дека транспарентност не виделе од страна на власта за договорот.

„Како потпишавте договор кога имаме законодавна, извршна и судска власт? Законодавната власт ги бираме министрите, тогаш како може министер да преземе обврска дека ќе смени закон во Собрание, без да му го објасни договорот на пратеникот“, истакна Ласовска.

— реклама —

Ласовска посочи дека самото потпишување на празна коресподентна табела значи лажирање на податоци односно лажење на нас пратениците и прикажување на непостоечки факти.

— реклама —

„Празна коресподентна табела треба да биде вратена во истиот момент кога ќе биде примена од претседателот на Собранието, но бидејќи тоа не се случува тоа е флагрантно кршење на правото и флагрантна злоупотреба на службената должност и споделена одговорност на сите оние кои овие законски решенија ќе ги гласаат“ , кажа Ласовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања