Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Ласовска: Лажна вест е дека Рашела Мизрахи изработувала семинарски трудови за пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Blagica-Lasovska

Лажна вест и ширење на лажни вести е дека техничката министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи изработувала семинарски трудови за пари. Власта е во паника, на Бихаќка се свесни дека на 12 април граѓаните ќе ги поразат нивните погубни политики кои за овие три години на државата и нанесоа несразмерна штета, истакна Благица Ласовска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со очајнички обиди и лажни вести Костадинов се обидува да ја продолжи политичката кариера на неговиот ментор, Зоран Заев кој ја уназади Република Македонија.

— реклама —

Во СДСМ се повеќе и повеќе се уплашени, лажните вести нема да им помогнат, исплашени се од откривање на нивните криминали и негрижата за граѓаните, негрижата за сите оние кои ги заборавија изминатите три години.

Нема да спречат ниту еден од техничките министри и дополнителните заменици министри да си ја вршат својата работа, да ги истражат сите нерегуларности и криминали на власта на СДСМ. Нема да ги спречат да работат чесно и достоинствено во служба на граѓаните.

— реклама —

Казната за криминалот и корупцијата, за поразите кои и ги нанесоа на државата пристигнува набрзо, граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и неговата криминално-рекетарска банда. Македонските граѓани ќе ја изберат обновата на Македонија, истакна Благица Ласовска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања