Промени тема
Контакт

Лавров до Рубио: Неприфатливо е САД да продолжат да испраќаат оружје за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarykbl21aemkolfd6F606X

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио во Манила порача дека за Москва е неприфатливо САД да продолжат со испораките на оружје за Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Средбата, која траела повеќе од половина час, се одржала на маргините на состанокот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) на Филипините и претставува прва средба на двајцата дипломати од септември 2025 година.

— реклама —

Според руското Министерство за надворешни работи, Лавров во разговорот истакнал дека е „неприфатливо да продолжи испраќањето оружје до режимот во Киев“. Тој, исто така, ја критикувал, како што наведе Москва, „дестабилизирачката политика на европските земји“, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ѝ нанесат „стратешки пораз“ на Русија.

Лавров повторил дека руската страна останува подготвена за политичко и дипломатско решение на конфликтот.

— реклама —

За време на разговорите било договорено да продолжат контактите меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, вклучително и соработка во рамките на меѓународните организации.

— реклама —

Според дипломатски извор, на кој се повикуваат руските медиуми, иницијативата за одржување на средбата дошла од американска страна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye6hgr1vdr62v2HCTTSh

Лавров: САД се виновни што војната во Украина трае уште една година

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
lavrov

Лавров: „Мерц всушност ни објавува војна, ова е почеток на вистинска војна“

Свет | пред 2 седмици

sergej-lavrov

„Мерц ни објавува војна“, вели Лавров

Свет | пред 2 седмици

lavrov

Лавров тврди дека НАТО ќе ја загуби трката за воена надмоќ

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања