Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лавров по коментарите дека Епстин бил руски агент: Ова не вреди ни за дискусија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
lavrov

Тврдењата на западните медиуми дека американскиот финансиски инвеститор и сексуален престапник Џефри Епстин можеби имал врски со руските разузнавачки служби не се ништо повеќе од лажно новинарство, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

— реклама —

Дипломатот реагираше на неодамнешните недокажани тврдења во западните медиуми и коментари на полскиот премиер Доналд Туск, кои сугерираат дека Епстин можеби бил агент на руските разузнавачки служби.

Високите претставници во Москва рекоа дека тврдењата кои го поврзуваат Епстин со руските разузнавачки служби намерно се засилуваат за да се тргне вниманието од скандалот кој го откри лицемерието на моќните личности во САД и Европа.

— реклама —

„Влегувате во жолто новинарство. Ова не вреди ни за дискусија. Тоа е обид за провокација од земји кои на одредени кругови во други земји случајно не им се допаѓаат“, изјави Лавров во интервју за НТВ емитувано во неделата.

— реклама —

Тој додаде дека таквите шпекулации имале за цел да влијаат и на Републиканската и на Демократската партија во САД, како и на владите во Европа.

Минатиот месец, Министерството за правда на САД објави голема количина на е-пошта, фотографии и видео снимки од имотот на Епстин, што доведе до повторно испитување на истакнати личности кои биле поврзани со Епстин, и покрај неговата осуда за сексуални злосторства.

— реклама —

Декандентниот животен стил на Епстин и начинот на живеење на неговиот потесен круг претставуваат доказ за моралниот пропаст на западните елити, изјави Лавров. Досијата, додаде тој, „го откриле вистинското лице на Западот и на длабоката држава – или подобро кажано длабоката унија која управува со целиот Запад и се стреми да владее со светот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

Руски ракети погодија три моста во Киев, загинаа тројца, а десетици се повредени

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Русија, Кина и Иран бараат гаранции дека САД и Израел нема повторно да ја нападнат иранската нуклеарна инфраструктура

Свет | пред 1 ден

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Првиот пациент ја заврши терапијата со руската вакцина против рак, до крајот на 2027 година ќе ја примат уште 120 пациенти

Свет | пред 1 ден

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Русија остана без доволно бензин по украинските напади: Масовно увезува гориво и со понизок квалитет

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања