Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Лавров: Западот активно се подготвува за војна против Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
lavrov

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека политичките кругови во повеќето западни земји активно се подготвуваат за можен конфликт со Русија и дека притоа ја шират тезата за наводна руска закана.

— реклама —

„Денес владејачките кругови и елитите на повеќето западни земји шират мит за закана која наводно доаѓа од Русија, активно се подготвуваат за војна против нашата земја и, меѓу другото, нè обвинуваат дека наводно ги поткопуваме европските вредности“, рекол Лавров на отворањето на Четвртиот конгрес на Меѓународното движење на русофилите.

— реклама —

Неговата изјава уследила еден ден откако тој изразил надеж дека европските земји го слушнале неговото предупредување дека евентуален напад врз Русија би довел до „многу кратка војна“.

Лавров рекол дека доколку Европа, која според него секојдневно зборува за подготовки за војна со Русија, ја нападне Руската Федерација, конфликтот би бил „целосно поинаков“ и би траел многу кратко. Тој додал дека се надева оти ова предупредување било слушнато во европските престолнини и во структурите кои, како што рекол, се обидуваат да се претстават како обединета Европа.

— реклама —

Говорејќи за Европа, рускиот министер ја обвинил и за историски страдања и разорувања што, според него, му ги нанела на светот, поради што, како што навел, многумина ја гледаат како „извор на злото“.

Лавров повторно ја истакнал и тезата дека идејата за нанесување „стратешки пораз на Русија“ и понатаму се наоѓа во центарот на, како што ги опишал, западните намери кон Руската Федерација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 16 часа

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања