СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Р.(41) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „давање награда за противзаконито влијание“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Ј.Ж.(49) од с.Радиовце, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „примање награда за противзаконито влијание“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, Х.Л.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“ и против С.С.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. Во текот на декември 2016 и јануари 2017, прво, второ и трето пријавените, направиле лажен купопродажен договор со невистинита содржина за купопродажба на патничко возило „бмв“ со странски регистарски ознаки, во кој В.М.С. била наведена како продавач, додека трето пријавениот Х.Л. како купувач, кој откако го заверил наведениот договор на нотар како да е склучен на ден 29.12.2016, со цел за искористување на погодноста во Законот за возила која се однесува на македонски државјани кои престојуваат во странство една година без прекин и во странска држава поседуваат моторно возило најмалку шест месеци, во свое име на 11.06.2016 во Бирото за метрологија ја приложил невистинитата документација со барање за издавање на потврда за отварање на постапка за идентификација, при што на овој начин се стекнал со документација за регистрација на горенаведеното возило кое не ги исполнувало законски предвидените ЕУРО 4 норми и стандарди. Во врска со наведеното, прво пријавениот на второпријавениот му дал парична награда во износ од 1.000 евра, додека четвртопријавениот, во својство на овластено службено лице во техничката служба постапил спротивно на овластувањата и издал согласност за регистрација на предметното возило.