Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Лазаревска: Ние инвестираме во реални потреби на образованието и ги решаваме наталожените проблеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaki

Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за инвестиции во образованието е смешно и дегутантно, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на денешната седница на собранието, посветена на ребалансот на буџетот за оваа година.

Таа запраша дали е инвестиција тоа што од системот што го ВМРО-ДПМНЕ го креираше  11 години излегуваат 15-годишници, кои се полуписмени, кои заостануваат за 1,5 година со образование во однос на своите врсници од соседните земји и од ЕУ.

Дали за вас е инвестиција воведувањето на Кембриџ програмата, за која стручњаците велеа дека не е соодветна, но министерството склучи договор и сега ние не можеме да го раскинеме бидејќи би плаќање милински суми, додаде Лазаревска, обраќајќи им се на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Дали за вас е инвестиција, 60 милиони евра за програмата Компјутер за секое дете, кои завршија во депоата на училиштата, дали за вас е инвестиција проектот за екстерно тестирање, толку скап, а толку деградирачки за наставниот кадар,  запраша Лазаревска.

ВМРО-ДПМНЕ остави ученичките и студенстки домови со долгови од 5 милиони евра, студенти паѓаа по лифтови, печурки растеа, а сега се реновира. За разлика од вас ние инвестираме во реалните потреби и со секој буџет и ребаланс на буџетот ги решаваме наталожените проблеми, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на собраниската седница,посветена на ребалансот на буџетот за оваа година.

— реклама —

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања