Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лазаревски: Упадот во “А1” телевизија беше клучниот момент кога решивме со Костовски да ја откриеме аферата со прислушувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
a1

Упадот во “А1″телевизија беше клучниот момент кога заедно со Звонко Костовски одлучивме да обезбедиме докази за масовното нелегално прислушување, бидејќи тоа беше настан кога беше јасно дека власта е веќе без контрола. Ова на денешното судење за “Таргет и Тврдина” го изјави сведокот Ѓорѓи Лазаревски кој заедно со колегата Костовски ја открија аферата со прослушувањето.

-И Звонко и јас сметавме дека треба  нешто да се стори за да се спречи злоупотребата на системот за прислушување кој треба да служи за безбедност. Клучен момент беше кога со полиција се направи упад во “А1” телевизија, со што беше јасно дека власта веќе е без ко трола. Тоа беше преломниот момент дека сакаме да го направиме тоа, појасни Лзаревски.

— реклама —

Во меѓувреме тој се сретнал со Зоран Верушевски и кога му открил што се случува, Верушевски му рекол дека треба да се зачуваат прислушувани материјали и да се анализираат.

— реклама —

Првите прислушувани материјали ги ископирале кон крајот на 2010 година, кои веднаш му ги предавале на Верушевски.

Тој појасни дека најпрвин ги ваделе разговорите на опозицијата, но кога сфатиле дека се прислушуваат и владини функционери ги ваделе и нивните разговори, особено разговорите на министрите на Гордана Јанкулоска и на Миле Јанакиески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања