Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лажел дека има леукемија и собрал речиси 190.000 евра донации, уапсен 20-годишник од Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-libraryv56qm5i6nsd22cciMgy

Дваесетгодишен маж од Косово е уапсен под сомнение дека лажно се претставувал како тешко болен од леукемија и измамил голем број граѓани, собирајќи речиси 190.000 евра за наводно лекување.

— реклама —

Според косовските власти, Ендрит Аземи организирал хуманитарна кампања во која тврдел дека боледува од акутна леукемија, при што користел фалсификувана медицинска документација од болница во Истанбул.

— реклама —

Во периодот од 9 до 21 ноември биле собрани околу 189.206 евра. Повеќе од 162.000 евра биле уплатени преку интернет-платформа, а над 26.000 евра биле собрани преку хуманитарни активности.

— реклама —

Аземи бил уапсен на 21 ноември, а Основниот суд во Гнилане му одредил 30-дневен притвор. Надлежните институции ги блокирале идентификуваните банкарски сметки во Косово, додека во Германија е започната постапка за враќање на дел од средствата собрани преку платформата GoFundMe.

— реклама —

Истрагата продолжува, а надлежните органи работат на утврдување на сите околности на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymu94da18kv09c7lCDGy

Да го спасиме животот на студентот по медицина Спасение Анчески, се бори со најтешката леукемија!

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања