Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Лажни „кубански вакцини“ против рак во Велес: Обвинителството истражува измама на повеќе граѓани, се вршат претреси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
vakcini-332

Основното јавно обвинителство Велес води истрага против едно лице осомничено дека измамило повеќе граѓани, нудејќи им наводни „кубански вакцини“ против рак, со цел да прибави противправна имотна корист.

Против осомничениот е оформен предмет за кривичните дела измама, според член 247, и надрилекарство, според член 209 од Кривичниот законик.

— реклама —

Во рамките на постапката, Обвинителството обезбедило наредби за претреси на повеќе локации, а при претрес на работното место на осомничениот во Велес биле пронајдени докази кои дополнително ќе се вештачат. Одземени се и електронски уреди, додека истражните органи продолжуваат со проверки за утврдување на сите околности.

— реклама —

Според досегашните сознанија на Обвинителството, осомничениот довел во заблуда повеќе лица, лажно претставувајќи дека им нуди вакцини против рак од Куба.

Надлежниот јавен обвинител веќе врши распити на оштетени лица, како и на други граѓани кои би можеле да располагаат со информации важни за случајот.

— реклама —

Обвинителството побарало од судот да му бидат определени мерки на претпазливост, односно одземање на патната исправа и обврска редовно да се јавува во судот.

Осомничениот во моментов е хоспитализиран во медицинска установа, каде што му било врачено решението за определување на мерките.

Од Јавното обвинителство информираат дека заедно со Министерството за внатрешни работи продолжуваат со прибирање докази и проверки, додека пристигнуваат дополнителни информации за случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Генералниот директор на СЗО во Русија: „Вакцините против рак и ХИВ имаат шанси за успех“

Свет | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarymu6ojdu8al5063F6xNX

Алиу-Андоновска: Обезбедени 7.500 вакцини против Хепатитис Б, наменети за здравствени работници

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања