Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Лажно се претставувале како 14-годишно девојче и намамувале педофили, МВР ги гони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarymsnrshskv3ga8d8PGWr
Илустрација / Скопје1

Шестмина млади битолчани, меѓу кои и еден малолетник, заработија кривични пријави откако подолг период организирано мамеле машки лица преку лажен профил на социјалните мрежи, а потоа ги снимале, понижувале и јавно ги објавувале нивните лични податоци.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Битола поднела кривична пријава против Н.Р. (22), М.И. (19), О.Н. (19), Л.Г. (19), А.Д.В. (18) и 15-годишник, сите од Битола, поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“.

— реклама —

Според истрагата, од февруари 2025 година пријавените дејствувале како организирана група и преку лажно креиран профил на социјалните мрежи се претставувале како 14-годишно девојче. На тој начин воспоставувале комуникација со машки лица и договарале средби на различни локации во Битола.

— реклама —

Кога оштетените ќе пристигнеле на договореното место, биле пресретнувани од членовите на групата, кои ги снимале без нивна согласност, ги навредувале, омаловажувале и психички ги малтретирале. Според МВР, тие биле принудувани да даваат изјави дека се „педофили“, по што снимките и нивните лични податоци биле јавно објавувани на социјалните мрежи.

— реклама —

Со ваквите постапки кај оштетените биле предизвикани страв, понижување и чувство на загрозена сигурност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tepacka1

Бракоразводна драма во Скопје: Прво тој ја пријавил сопругата за напад, два часа подоцна таа го пријавила него

Македонија | пред 10 часа

media-libraryk1ukvadfjl94cyir2gl

Узурпирал државна парцела и бесправно градел, кривична за жител на дебарско

Македонија | пред 10 часа

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

Син ја нападнал својата 61-годишна мајка

Македонија | пред 10 часа

media-library3gojtdh024v31P7Z2Gq

Изгубила контрола над четирициклот и се превртела, 41-годишна битолчанка тешко повредена

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања