Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Лазов: Вирусот од рекет, сомнителни тендери, корупција прераснува во  епидемија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lazov

Поминаа 6 дена од новиот скандал наречен Вирус во кој јавноста беше сведок на јавно признание на сопственик на фармацевтска фирма како сведочеше дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови. Шест дена молк од надлежните, истакна Кирил Лазов од ВМРО ДПМНЕ.

Внимавајте, побаран е рекет токму од оваа институција која е регулаторно тело - Агенцијата за лекови. Оваа е нов скандал Вирус, кој следи по повеќето како Рекет 1, Рекет 2, Кеш.... и да не ги набројувам сите, многу се.

— реклама —

Не само што молчат надлежните од Агенцијата за лекови и од Министерството за здравство, во јавноста кружат и информации дека ова е само еден од низата вакви случаи, во оваа институција.

Како да има пракса, на секоја фирма што ќе побара дозвола, решение и слично од Агенцијата за лекови, да им се бара рекет.

— реклама —

Оттука последниот случај е повод дополнително да се охрабрат сите сопственици на фирми на кои им бил побаран било каков надоместок, рекет веднаш да пријавуваат до надлежните.

Мора сите да се охрабрат и да пријавуваат вакви незаконски и криминални дејствија зошто наскоро доаѓа обновата на Македонија. Наскоро вакви дејствија ќе бидат одлика на едно минато, црно време во кое владееше СДСМ.

— реклама —

Повик до надлежните во Агенцијата за лекови да даде одговор на јавноста, за ова јавно признание за Рекет.

Воедно, повик и до министерот за здравство, Венко Филипче познат како министер во чиј ресор се случија низа на скандали, сомнителни тендери, да се охрабри и да реши барем еден случај.

— реклама —

Наскоро на рекетот и сите сомнителни активности во здравството ќе им се стави крај. И не само во здравството, туку во сите области, истакна Кирил Лазов од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања