Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ЛДП: Додека Грчева промовира политики кои го кочат европскиот пат, нејзинит син добива функција во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Либерално-Демократската партија објави дека не може да остане индиферентна на веста за изборот на Зографски бидејќи, како што велат, во време кога Грчева го блокира европскиот пат на земјава, со промовирање на политики против впишување на Бугарите во Уставот, нејзиниот син добива функција во земја на Европската унијата, токму во Бугарија.

— реклама —


— реклама —

„Синот на поранешната пратеничка и претседателка на партијата  Глас за Македонија, Солза Грчева, Андреј Зографски, од партијата Спас за Софија на локалните избори во Софија освои советничко место во Градското собрание на Софија од Коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и Спас за Софија. Со оглед на фактот дека граѓаните за да избираат и да бидат избрани мора да поседуваат државјанство, евидентно е дека за добивање бугарско државјанство, синот на Солза Грчева потпишал декларација дека ‘тој и неговото семејство по потекло се етнички Бугари’, велат од ЛДП.

— реклама —


ЛДП во соопштението додава дека ја почитува слободата на уверувањето и приватноста, меѓутоа ваквата контрадикторност доведува до блокирање на нашата европска иднина само поради добивање на политички поени.


„Доста е од лицемерие и дволичност. Доста е од двојни аршини и глумење лажен патриотизам кој оди исклучиво на штета на перспективата на државата“, се додава во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања