ЛДП: Ги повикуваме лидерите на партиите изборите да ги закажат за октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
liberalno-demokratska-partija

— реклама —
Либерално-демократската партија ги повикува политичките партии на утрешната лидерска средба да ги одложат парламентарните избори кои треба да се одржат на 12-ти април и да закажат нов термин за месец октомври.

ЛДП ги повикува сите партии да се водат пред се од интересот на здравјето на македонските граѓани и да ја донесат оваа единствено исправна одлука кој во моментов е значајна.

— реклама —

Како партија, ние, го предлагаме месец октомври како единствено реален датум за одржување на парламентарните избори бидејќи покрај справувањето со заканите по здравјето на граѓаните од корона вирусот (COVID-19), следно ќе биде справување со економските последици и преземање на мерки во таа насока со контигентен план за фискалните мерки.

— реклама —

За нас, последно за што треба да се грижеме во моментов се изборите и затоа сметаме дека во време на пандемија треба да заборавиме на нашите политички несогласувања и сите заедно сполотено да делуваме  кон победата на злото кое се заканува по животите на луѓето.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања