Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: И граѓаните и полицијата да се воздржат од прекумерна сила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Teodora-Dimitrovska_LDP-portparol

Протестите се демократско право, но апелираме до сите оние кои што неколку дена се наоѓаат на улиците пред нашите институции, да не користат сила и да не фрлаат со предмети кои што можат да повредат други луѓе, вели Теодора Димитровска портпаролка на Либерално демократската партија.

— реклама —

- Свесни сме и знаеме дека протестот преставува уставно загарантирано право, луѓето кои што протестираат пред нашите институции имаат право да го прават тоа и да го изразат своето незадоволство на улици, но да се воздржат од употреба на прекумерна сила, додава таа.

— реклама —
— реклама —

Димитровска исто така упати апел и до оние службеници кои што се наоѓаат на теренот овие неколку дена, а кои што се од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

- Ве замолуваме вашите работни обврски да ги вршите во рамки и во согласност со законите, прекумерна сила во овие моменти не е потребна, ЛДП секогаш застанува зад интересот на граѓаните и во наредниот период такви ќе бидат и одлуките кои што ќе бидат донесени, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања