Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Отказот за Кашиковски покажува дека во град Скопје владее режим и едноумие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
14_28

Во Град Скопје почнува да владее режимот и едноумието на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од Либерално-демократската партија по информацијата на Сојузот на синдикати на Македонија дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација“ Стојанче Кашиковски добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски.

— реклама —

- Отказот на Кашиковски не само што е спротивна на закон и колективен договор, туку е показател дека кадрите поставени градоначалничката на ДПМНЕ - Данела Арсовска не почитуваат различно мислење во една демократска земја. На граѓаните смачено им е од секојдневни политички драми, тие сакаат да видат засукани ракави и функционални претпријатија, не партии кои ќе прават вработи-отпушти, велат од ЛДП.

— реклама —
— реклама —

Според ССМ согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски, кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од главните барања за разрешување на в.д. директорот.

— реклама —

Потребна е итна седница на Управниот одбор на претпријатието за да се утврди и зошто Митовски не ги спроведува одлуките на ССМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања