Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

ЛДП: Со други економски мерки согласно европските искуства, конструктивно до Владата, за доброто на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
LDPlogo-620x360

Во однос на презентираните идеи во јавноста за намалување на економските последици од кризата предизвиката од Ковид-19, ЛДП истакнува дека постојат и други економски мерки и можности кои би можеле да се применат во Македонија, согласно најавите и искуствата во Европските земји, се вели во соопштението од ЛДП.

ЛДП смета дека не е време за поентирање, туку секој да го даде својот придонес со конструктивни идеи за доброто на граѓаните.

— реклама —

Економскиот тим на ЛДП ги разгледува сите можности и за брзо време ќе даде свои предлози во насока на ублажување на економските последици од кризата.

Сите предлози кои доаѓаат од стручната јавност Владата со сериозност треба да ги разгледа без да избрзува и да носи одлуки под притисок на политичките партии кои може само да сугерираат и предлагаат.

— реклама —

Владата како орган кој ја има одговорноста треба да одлучи што е она што е можно и отимално во земјата. Ова е државна криза во која придонесот на сите е добредојден и која ќе ја надминеме заеднички, се вели во соопштението од ЛДП.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања