Промени тема
Контакт

ЛДП со иницијатива за употреба на локалните топоними за населените места во Украина на украински јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
maidan_nezalezhnosti_kiev

Иницијатива за донесување на Одлука на Владата за употреба на локалните топоними за населените места во Украина на украински јазик, со нивна транслитерација на македонски јазик, поднесоа ЛДП под водство на Емил Кирјас и потпретседателката Моника Зајкова.

Тие иницираат наместо Киев треба да се употребува Киив, наместо Запорожје треба да се употребува Запорижија, наместо Луганск треба да се употребува Луханск, наместо Мариупол треба да се употребува Мариупиљ, наместо реката Дњепар треба да се употреби Днипро, и други примери.

- Воедно, предлагаме Владата да донесе одлука конечно да престане да се употребува неприфатливото именување на Република Беларус на македонски јазик како „Република Белорусија“ за што белaрускиот народ, како што самите се нарекуваат (а не белорускиот!) и државата веќе се имаат изјаснето со соодветни јазични, законски и уставни измени. Препорачуваме, во македонскиот јазик исто така да се употребува и уставното име „Република Латвија“ наместо досегашното име преземено од руското наименување „Република Летонија“, се вели во соопштението на партијата.

— реклама —

Во иницијативата има и предлог до Министерството за надворешни работи, во најкус можен рок, а во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, да и предложи на Владата соодветна одлука во оваа насока, со која ќе им се наложи на сите институции во државата да ги користат украинските топоними во македонскиот јазик. Императив според Зајкова и Кирјас е сите овие одлуки да се донесат пред преземањето на претседателството на ОБСЕ од страна на Р.С. Македонија на 01 јануари 2023 година.

— реклама —

- По посетата на Украина на крајот на август оваа година, во екот на руската агресија, ни беше предочено дека реализацијата на руската експанзионистичка и империјалистичка политика во доктрината на непризнавањето на украинскиот јазичен и етнички идентитет се манифестира и преку употребата на руските топоними за украинските населени и географски места, наместо на соодветните украински топоними. Таа практика може да се забележи во официјалната употреба за топонимите за населените места во Украина и на македонски јазик, велат од партијата.

Владата на Северна Македонија ја осуди руската агресија врз Украина, а Собранието речиси едногласно донесе Декларација со осуда на руската инвазија и поддршка на Украина, а Генералното Собрание на ОН во два наврати ја осуди руската воена интервенција, а воедно ги прогласи таканаречените референдуми и последователната еднострана анексија на суверена украинска територија од страна на Русија како неприфатлива и нелегална, и побара напуштање на руските воени сили на Украина.

— реклама —

- Македонскиот народ и македонските граѓани имаат морална обврска да застанат во целосна одбрана на украинскиот национален и етнички идентитет и самобитност. Тоа е врвен македонски национален интерес. Со одбрана на украинскиот идентитет и самобитност, се брани воедно и македонскиот идентитет и самобитност, како и вековното опстојување на двата идентитети, додаваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Нови проблеми за Зеленски: под истрага се високи функционери и негови блиски соработници

Свет | пред 8 часа

maidan_nezalezhnosti_kiev

Повеќе од еден месец Украина нема министер за одбрана

Свет | пред 2 дена

media-library8g7t3qmrh41c7TtwcQJ

Најмалку тројца загинати во руски напади врз Украина

Свет | пред 6 дена

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Украина без амбасадор во Вашингтон: Зеленски тешко наоѓа човек за клучната позиција

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања