Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ле Пен: Франција е во ќорсокак, никој не знае од каде ќе дојде премиерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
le-pen1

Денеска се најдовме во ќорсокак бидејќи никој не може да знае од каде ќе дојде премиерот, ниту каква политика ќе води земјата, изјави пред новинарите по пристигнувањето во парламентот лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен.

Ле Пен ги осуди предизборните договори за кои рече дека ја спречиле нејзината партија Национален собир (РН) да дојде на власт, објави ТВ БФМ.

— реклама —

„Тоа е само одложување“, рече таа пред Националното собрание, на кое се враќаа пратениците на РН и посочи дека Националното собрание мора да ја одразува застапеноста на сите Французи.

Францускиот претседател Емануел Макрон, чиј мандат истекува во 2027 година, распиша парламентарни избори откако неговата партија беше поразена од екстремната десница на изборите за ЕУ ​​минатиот месец и рече дека ќе ја расчисти ситуацијата, што не се случи, објави Ројтерс.

— реклама —

„Во најмала рака, ова не е голем успех за Емануел Макрон“, се пошегува Ле Пен.

Неочекуваниот исход од предвремените избори во неделата, на кои левичарскиот Нов народен фронт (НФП) освои најмногу гласови, но ниту една група не освои апсолутно мнозинство, ја втурна Франција во неизвесност, без јасен пат до стабилна влада, наведува агенцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања