Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Лебот не предизикува надуеност и дебелеење, а без него го лишувате телото од еден важен витамин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
JR8QSNTc8S-lebot-ne-predizikuva-naduenost-i-debeleenje-a-bez-nego-go-lisuvate-teloto-od-eden-vazen-vitamin

Лебот со текот на годините стана синоним за дебелина, па затоа многумина кои сакаат да ја задржат витката линија го избегнуваат.

— реклама —

Но, експертите велат дека избегнувањето на лебот не е толку делотворно. Имено, тестенините можат повеќе да ја загрозат вашата линија, а во сендвичите повеќе дебелеат сосовите и прилозите отколку самото тесто. И додека лебот често е главниот виновник за вишокот килограми, во последно време се појавуваат сè повеќе научни докази кои го покажуваат токму спротивното.

— реклама —

Докторите предупредуваат дека со избегнувањето на лебот остануваме без важни нутритиенти како влакна, железо и калциум. Многу производи кои ја носат ознаката “без глутен” содржат голем број адитиви, заситени масти и шеќери, навела Ајела Спиро од Британската фондација за исхрана во своето обраќање на Конференцијата на диететичари и нутриционисти во Лондон. Таа додала и дека било спроведено истражување на универзитетот во Бристол кое покажало дека лебот произведува помалку надуеност во стомакот во споредба со тестенините.

Експертите напоменуваат дека е многу поважно што ставаме на лебот отколку колкава количина на леб внесуваме. Две парчиња леб содржат 190 калории и 2 грама масти, но доколку на лебот намачкате путер или маргарин речиси ќе ги удвоите калориите – тој оброк ќе содржи 334 калории и 16 грама масти

— реклама —

Покрај тоа што содржи голем број влакна, железо и калциум, во едно парче леб се наоѓаат 20 до 30 проценти од препорачаната дневна препорачана доза на витамин Б1.

Затоа, не се откажувајте од лебот поради витката линија – доволно е само да го ограничите внесот на пецивата и да водите грижа за тоа кој намаз или какви прилози користите во комбинација со лебот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања