Леброн Џејмс продолжува да поставува нови рекорди, но овојпат надвор од кошаркарските терени. Според податоците на специјализираната платформа „Спотрак“, по завршувањето на сезоната 2026/27 ќе стане играчот со најголема заработка од плати во историјата на НБА.
Се очекува вкупната сума што ќе ја заработи од своите договори во најсилната кошаркарска лига во светот да достигне 585 милиони долари.
Зад Џејмс на вечната листа се Кевин Дурент со 545 милиони долари, Стеф Кари со 532 милиони, Пол Џорџ со 460 милиони и Кавај Ленард со 426 милиони долари, заработени од НБА договори.
Во меѓувреме, агентот на Леброн, Рич Пол, за новинарот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија, потврди дека кошаркарот потпишал двегодишен договор со Филаделфија, вреден осум милиони долари.
Договорот содржи и играчка опција за втората сезона, а во претстојната натпреварувачка година Џејмс ќе заработи околу 3,88 милиони долари, што одговара на минималниот износ предвиден за ветерани во НБА.