Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лефков: Денес наместо во владата да се собираат во израз на паника и нервоза од 70 илјади собран народ, нека распишат избори, ајде да одиме на избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mile19062022

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска на прес конференција во врска во вчерашниот протест каде над 70 илјади граѓани го искажаа револтот против актуелната власт, на новинарско прашање ја коментираше и денешната најавена средба помеѓу владините коалициони партнери.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

-Наместо денеска во владата да се собираат во израз на паника и нервоза од 70 илјади собран народ, нека се соберат тие истите челници па нека распишат избори, ајде да одиме на избори. Челниците на коалицијата кои што денеска се собираат во владата се практично причината за сите кризни состојби во кои се наоѓа државата и за сите проблеми на државата, сите кризи, криминал и корупција и причина за осиромашениот народ. Тие 5 години не само што не, не поместија ниту еден милиметар напред туку истовремено ја уништија државата. Очекуваме Димитар Ковачевски и другите претседатели на политички партии, кога веќе се собираат да покажат малку храброст и да излезат на избори. Тие немаат ниту капацитет, ниту легитимитет да ја водат државата, така да изборите се решение и тие на собирот треба да се договорат што побрзо да се распишат предвремени парламентарни избори, рече Лефков.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања