Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Лефков: Џафери да се вразуми и да ги стави на гласање уставните измени, свесно го прекрши деловникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Талат Џафери спротивно на Деловникот за работата на Собранието ја одложи точката за гласање за потребата од отворање на уставот. Според Деловникот гласањето мораше да се случи во петокот, кога беше завршен претресот и имаше обезбедно кворум за гласање, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Џафери го примени членот 165 став 1 од Деловникот, иако тој регулира постапка за измени на закон, а не за измена на Устав, за што има и посебна глава во Деловникот. Наместо тоа Џафери мораше да ги примени членовите 95 и 96 од Деловникот, според кои не смее да се одложи гласање за измена на устав. Талат Џафери свесно го прекрши Деловникот за работата на Собранието, за да им овозможи на ДУИ и СДС да останат на власт ден повеќе“, вели Лефков.

— реклама —

Џафери, додава пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, е ставен во улога на спасител на владините фотељи, прекршувајќи правни акти и процедури.

Според него, Џафери е свесен дека кога и да се стават уставните измени на гласање тие ќе пропаднат, но и дека после тоа не останува ништо освен одење на избори, затоа Џафери одолговлекува.

— реклама —

„Го повикуваме Талат Џафери да се вразуми и да ги стави на гласање уставните измени. Колку подолго власта вештачки се одржува, толку полошо за Македонија, но и толку потежок ќе им биде поразот“, додава Лефков.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања