Промени тема
Контакт

Лефков: Мометално во Македонија се прави ценовен пуч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Lefkov15032021

Добар дел од случувањата тука во Македонија е што граѓаните немаат доволно доверба во Владата и тие прават механизам на самозаштита. Потребна ни е легитимна Влада која ќе се бори за националните, здравсвените и економските сегменити, истакна Миле Лефков пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Лефков потенцираше дека моментално се прави ценовен пуч во Македонија, а сето ова можеше да биде избегнато ако беше прифатен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата.

„Ние први излеговме со предлогот дека треба да се намали за 50 проценти акцизата и да се намали ДДВ то кое што власта успеа да го игнорира тој наш предлог скоро 10тина дена и настана огромна нервоза кај граѓаните и имаше покачување на цените“, рече Лефков.

— реклама —

Лефков ја посочи потребата од итни избори во Македонија бидејќи оваа Влада нема доволен легитимитет. Кога имаме Влада која нема доволен легитимитет ќе ги видиме и последиците како што и ги гледаме.

— реклама —

„Инфлацијата во Македонија е многу повисока од инфлацијата во еврозоната. Инфлацијата во Македонија се јавува пред да се појави инфлацијата во еврозоната. Кога имаме вакви инфлаторни моменти очекуваме власта да го прифати нашиот предлог каде за 50 проценти ќе биде намалена акцизата“, кажа Лефков.

Лефков изјави дека доколку сакаме да имаме стабилна држава и стабилни институции тогаш реформите треба да започнат од Собранието. За жал во Македонија ова не е случај бидејќи кај нас премиерот и владата се однесуваат како монарси.

— реклама —

„Во Македонија законодавната власт се наоѓа во подредена положба наспроти извршаната власт и токму поради е оваа маргинализирана ситуација на Собранието. Граѓаните ја немаат довербата и затоа ние велиме мора да има предвремени парламентарни избори“, изјави Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања