Промени тема
Контакт

Лефков: Одлуката на судот за конфискување за имотот на ВМРО-ДПМНЕ е политички мотивирана во обид да се замолчи опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mile09062022

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, вечерва гостуваше во емисијата „Патот кон“ на АлсатМ даде коментар во врска со пресудата во случајот „Талир 2“, за запленување на партиското седиште. Според пратеникот Лефков, станува збор за обид за замолчување на опозицијата.

Тој истакна дека сето тоа укажува на политчки монтиран случај.

— реклама —

„Сведоци сме каква политичка пресуда донесе судот кога одлучи да се заплени партиското седиште и дел од партискиот имот. Невиден преседан во една демократска земја, односно на судење на физички лица да правите заплена на ваков имот кој е стекнуван со години и не може да биде третиран како имот на Груевски или на генералниот секретар Божиновски. Самата заплена укажува на политички монтиран процес којшто има само една цел, а тоа е да се замолчи опозицијата“, рече Лефков.

— реклама —

Пратеникот Лефков додаде и дека коминукацијата помеѓу власта и опозицијата се потполно нарушени и оти дијалогот се сведува единствено на обиди за дискредитација на опозициската партија.

— реклама —

„Имаме целосно нарушена комуникација помеѓу власта и опозицијата, имаме политички монтирани пресуди и успеавме политичкиот аспект да го наметнеме над сите други аспекти на живот. Тоа не го направи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го прават СДСМ затоа што тие во знак на немоќ и оти практично немаат комуникација со народот, единствено оружје што им останува е да ја напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и да се обидуваат да ја компромитираат“, рече Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања