Промени тема
Контакт

Лефков: Стефан Богоев е типичен пример како од голтар преку политика во СДСМ се станува милионер, исто како Димитар Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_2895

„Додека граѓаните на Македонија тонат во сиромаштија, елитата на СДСМ преку политиката стануваат милионери“ вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава:

„Со плата на политичар никој не се збогатил, туку се збогатуваат корумпираните политичари кои на грбот на народот преку ноќ стануваат милионери.

Стефан Богоев и Димитар Ковачевски се типичен примери како преку политика се станува милионер.

Стефан Богоев со своите 32 години има огромен милионски имот.

Богоев на својот последен анкетен лист кој го пријавил како градоначалник прибележал имот свој личен, и имот на семејството кој се состои од 3 стана во Скопје, два во Охрид и една куќа во Скопје.

— реклама —

Богоев има недвижнини како да е агенција за изнајмување на недвижен имот, а не политичар, граѓанин кој земал плата од 60тина илјади денари.

Но, тоа не е се. Богоев има наведено и 3 автомобили од марките: Сеат, Шкода и Нисан, и скутер од марката Априлија.

Имотот на Богоев оди понатаму, па фамилијарниот имот вклучува и земјоделско земјиште во Скопје во милионска вредност од 1,9 милиони.

— реклама —

Богоев е функционер од СДСМ, тој бил претседател на СДММ, пратеник и градоначалник, тој е пример за луѓе кои влегуваат како голтари, а од политиката излегуваат милионери.

Сличен е примерот и со Димитар Ковачевски, чиј што татко бил градоначалник и амбасадор од СДСМ, тој се јавува како косопственик во фирмата за фотонапонски панели Пискел гроуп. Според официјалните изјави тој ја напуштил сопственичката структура на истата, но постои дилемата дали Ковачевски навистина се повлекол или е во скриено сопствеништво на фирмата, и дали таа фирма ќе се јави како изработувач на панелите на неколкуте фотонапонски централи во земјава?

Дали моделот од голтар до милионер дословно се применува и од Ковачевски?

— реклама —

ДКСК да ги испита сите функционери од власта кои во изминатиов период имаа зголемување на своите имоти“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања