Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Лефков:Кина продава по 30 долари вакцина, Заев и Филипче нуделе 60 долари за вакцина, за да има дупла провизија преку фантом фирмата од Хонг Конг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kineski-vakcini

Барајќи го правиот пат, уплатил ли Венко Филипче на сметка на Стабри Интернешенал 12.5 милиони долари на сметка во Дојче банк?!

Министерството за здравство на сметка на Стабри Интернешенал, фантом фирма од Хонг Хонг уплатила 12.5 милиони евра за 200.000 вакцини. Документ издаден од Дојче банк на 25 јануари 2021 година, која требала да послужи за склучување на договор со Синофарм за купување на 200.000 вакцини за потребите на Македонија го потврдува тоа, истакна пратеникот Миле Лефков.

Лефков додаде:

Од каде и на фирма со тројца вработени 12.5 милиони долари и дали овие пари, се парите кои македонската влада на Заев и Филипче ги уплатила како аванс за набавка на вакцини?!

Ова е доказ дека Заев и Филипче плаќаат 62.5 долари за една вакцина.

— реклама —

Податоците кои ги објавуваат медиумите е дека една вакцина на Синофарм чини најмногу до 32 долари.

Дали Заев и Филипче сакале да купат вакцина по цена двојно поголема од таа што ја плаќаат другите држави.

Зошто Заев и Филипче сакале да платат дупла цена од најскапата?!

— реклама —

Ова е профитерство на сметка на здравјето на граѓаните.

Дали разликата од 30 долари требала да заврши на други сметки, односно на сметка на фантомската Стабри Интернешенал, за потоа преку оф шор сметки да бидат испумпани парите и да завршат во џебовите на функционерите од врвот на власта?!

Заев и Филипче да кажат каде требало да завршат 6 милиони долари?!

— реклама —

ЈО да не молчи и да се прави ненадлежно, туку да го испита случајот, во кој минимум 6 милиони долари ќе завршеле во приватни џебови.

Очекуваме институциите да постапат согласно закон, а Филипче да си даде оставка веднаш.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања