Легендарниот телефон Nokia N8 повторно оживеан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryimi1h5a92oebdkthDEm

Иако поминаа повеќе од 15 години од лансирањето, Nokia N8 – некогашниот крал на мобилната фотографија – добива нова шанса за живот.

— реклама —

Благодарение на ентузијасти и нов проект под име „Reborn“, овој култен уред доби прилагоден оперативен систем (custom ROM) кој го трансформира од заборавен експонат во фиока во функционален телефон подготвен за употреба во современото време.

— реклама —
xyVjWu4T0eU
— реклама —

Nokia N8 во 2010 година беше позната по неверојатната Carl Zeiss камера од 12 MP и Xenon блиц, но нејзиниот оперативен систем Symbian со текот на времето стана неупотреблив поради гасење на серверите и застарени сертификати. Новиот ROM, заснован на последната официјална верзија Nokia Belle, ги решава клучните проблеми.

Тука е модернизиран системот, па интерфејсот работи значително побрзо и пофлуидно. Ажурирани се HTTPS сертификатите, што овозможува прелистување на денешниот веб, што претходно беше речиси невозможно на старите Symbian телефони.

Вметната е и функционална, ажурирана продавница за апликации. Исто така, отстранети се строгите Symbian ограничувања за потпишување апликации, па корисниците сега можат лесно да инсталираат софтвер по желба.

Иако веста звучи одлично за носталгичарите, процесот на инсталација носи одредени ризици. Програмерите предупредуваат дека старите Nokia алатки за флешување софтвер може да предизвикаат проблеми на модерните оперативни системи како Windows 10. Исто така, физичката состојба на старите уреди, како истрошени батерии или оштетени слотови за SIM-картички, останува пречка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања