Бошко Илиев (55), доктор специјалист по спортска медицина од Кавадарци, денеска ја преплива акумулацијата „Турија” кај Струмица во должина од шест километри за време од два часа и 36 минути. Станува збор за негова 91 трка на кој пливал и дел е од неговите потфати за промоција на езерата и природните убавини во земјава.
Минатата година тој ја преплива акумулацијата Водоча кај Струмица, а пливал во Кавадарци, на Крушевското езеро, на Свети Наум на Охридско, а следна негова дестинација е Дебарското Езеро. Настанот го подржаа општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а го помогнаа и членови на ЗСР „Шампион“ од Струмица.
Настанот го подржаа општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а го помогнаа и членови на ЗСР „Шампион” од Струмица.