Лекарската комора реагира на настапите на некои доктори по медиумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
w_56083030

Лекарската комора предупредува дека индивидуалните и неаргументирани тврдења за ковид-19 на доктори и здравствени работници населението може да ги сфати сериозно, а со употребата на термини како „грешки во лекување” се нанесува директна штета на угледот на целата лекарска фела и се создава страв и недоверба кај граѓаните во здравствениот систем и здравствените работници.

— реклама —

„Лекарската комора најостро реагира на тоа што во последно време сè почесто во средствата за јавно информирање се публикуваат написи, коментари, изјави и интервјуа на доктори чиишто ставови не се базирани на медицински докази или на лично искуство и директна работа со ковид пациенти. Со ова целосно се девалвира трудот на докторите кои се вклучени во лекувањето на заболените со ковид-19. Докторите и здравствените работници не смеат да заборават дека нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а секој поединец треба да даде придонес и поддршка на своите колеги кои работат со пациентите со ковид -19. Голем број здравствени работници дури и доброволно се вклучија во борбата со ковид -19 и сé уште се во жариштата на епидемијата во земјава, а борбата со вирусот и натаму ни претстои, до пронаоѓање на вакцина или лек““, велат од Лекарската комора.

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања