Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ленче Ристоска брутална за Кривичниот законик: Ова е навреда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
lence

Последните измени на Кривичниот законик лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои се вложија, пред се, во борбата против корупцијата, изјави денеска обвинителката Ленче Ристоска, одговорајќи на новинарски прашања по првиот панел од конференцијата „Зајакнување на жените и младите во борбата против корупцијата и во вградувањето на европските фундаментални права и вредности во регионот“.

— реклама —

Последните измени на Кривичниот законик лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои се вложија, пред се, во борбата против корупцијата, изјави денеска обвинителката Ленче Ристоска.

— реклама —
— реклама —

Според Ристоска, овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела. Голем дел од предметите во кои се вложени многу ресурси и енергија веќе застаруваат.

— реклама —

-Измените на Кривичниот законик би рекла дека и тоа како влијаат на културата на неказнивоста која некако се протержира во изминатите години. И Обвинителството, по мое мислење, е ставено пред една неблагодарна и тешка задача. Имаме кратки рокови, таму каде што не е застапена застареноста, тоа експресно да се заврши. Од друга страна, ресурсите се такви какви што се, не ни се унапредени состојбите. Предметите во кои сме вложиле многу и ресурси и енергија веќе застаруваат, голем дел од нив. Барем за предметите по кои јас постапувам, во тек ни е анализа да видиме точно која ќе биде импликацијата од овие измени на Кривичниот законик. Меѓутоа, самите измени јас лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои сме се вложиле во борбата, пред се, против корупцијата, бидејќи овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела, истакна Ристоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања