Дарко Лешоски пркеу објава на социјалните мрежи со остра и саркастична порака, реагира за поскапувањата пред Велигден и двојните стандарди во општеството.
„За Рамазан секогаш е сѐ поефтино, за Велигден е секогаш сѐ поскапо.
Ама откако ме држи паметот било така! И махери за изговори стално: а бе ради Ковидот, абе ради железово од Украина знаеш, ради 2008 знаеш… ради Иран сега знаеш, ради индексов на биткоинот (а пинот му е запишан на ливче во новчаникот или во футролата од мобилниот на преклоп), а бе ради Бермудскиот трокут, ради НАСА мисијава затоа и ова со краставициве и арпаџикот, ради на Тасета директорот сите ќе умреме што му рекол…
И сѐ на светов може да се потчини на гравитацијата, ама “она што летнало горе - не паѓа никогаш долу” на ова библиско тло.
И сѐ е во ред.
Ама исто е во ред кога ќе наполниш доволен број на години да му се насмееш на секој таков “христијанин” и на таквиот негов господ кој е мераклија на профит и во очи да му кажеш смирено:
“Не е чичко, ради вас е. Ради луѓето е стално!”
И да си заминеш на пола муабет. Толку и за нас и за нашата вера во нешто. Лека ноќ“, стои во објавата.