Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Летале“ на автопат со повеќе од двојно над дозволената брзина: На „Безбеден град“ фатени возачи од Србија и Холандија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Двајца странски државјани се лишени од слобода на Граничниот премин „Табановце“, откако преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека на автопатот А1 возеле со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.

— реклама —

Првиот случај бил регистриран на 26 август во 22:15 часот, кога полицијата при контрола на излез од државата го проверила автомобилот „мерцедес-бенц“ со српски регистарски ознаки, управуван од 51-годишната И.М. од Србија.

Проверка преку системот „Безбеден град“ покажала дека таа на автопатот А1, на делницата Демир Капија–Гевгелија, возела со 168 километри на час, иако на местото максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

— реклама —

И.М. била лишена од слобода, а против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

— реклама —

Вториот случај бил регистриран во раните утрински часови на 27 август. Во 05:00 часот на „Табановце“ полицајците извршиле контрола на автомобил „ауди“ со холандски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот А.А. од Холандија.

И во овој случај системот „Безбеден град“ утврдил дека возачот направил прекршување на автопатот А1, во близина на Демир Капија. Тој возел со 177 километри на час на делница каде што дозволената брзина е 80 километри на час.

— реклама —

А.А. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 15 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 16 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања