Промени тема
Контакт

Левица: „Ако победи Амар, Орце вети дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира Советот на Град Скопје“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

Синоќешната дебата на Канал 5, Левица вели дека ќе остане запаметена по историскиот пресврт, првото директно соочување меѓу нивниот кандидат Амар Мециновиќ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Од Левица посочуваат дека дебатата за првпат по повеќе од две децении ја замени традиционалната политичка дихотомија меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а дека највпечатлив момент бил одговорот на Ѓорѓиевски, кој, како што тврдат, признал дека хаосот во Скопје е последица на блокадите што ги спроведувала неговата партија.

— реклама —

„Јас сметам дека не е фер што медиумите кои се блиски до вашата партија ревносно ја туркаат приказната дека Скопје повторно ќе биде блокирано и нема да функционира, дека ќе се случи нова Данела ако победи Амар Мециновиќ. Дали вие пред граѓаните на Република Македонија и Скопје можете да кажете дека доколку демократскиот процес нѐ доведе до моја евентуална победа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивно за јавниот интерес на граѓаните и нема да го блокира градот?“, праша Мециновиќ.

На ова прашање, како што пренесуваат од Левица, Ѓорѓиевски одговорил: „Кој и да победи ќе биде конструктивен и ВМРО да победи ќе биде конструктивно“, со што, според партијата, ја побил реториката на сопствената партија која, како што наведуваат, преку наратив дека доколку не биде избран нејзиниот кандидат, Скопје ќе остане нефункционално.

— реклама —

Од Левица нагласуваат дека дебатата го отвори прашањето за новиот политички сооднос на силите во земјава, кој, според нив, е резултат на разочараноста на граѓаните од бипартискиот систем и на нивната желба за вистинска промена.

„Сега имаме други околности, втор круг каде што за првпат нема да се ВМРО и СДСМ, туку имаме натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг“, изјави Мециновиќ, реплицирајќи на Ѓорѓиевски, кој, според партијата, оценил дека ниската излезност е причината што не победил во првиот круг.

— реклама —

Во остатокот од дебатата, двајцата кандидати, како што наведуваат од Левица, разговараа за темите поврзани со градскиот превоз, решавањето на проблемот со ѓубрето, загадувањето во Скопје и дивоградбите.

„Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите, Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите“, изјавил Мециновиќ.

— реклама —

Во врска со загадувањето, еден од најгорливите проблеми на Скопје, Мециновиќ изјави дека тоа е прашање на политичка волја и дека е време да се престане со префрлање на вината врз граѓаните.

Од Левица оценуваат дека дуелот меѓу двајцата кандидати симболично го потврдил крајот на долгогодишниот политички монопол и најавил промена на климата во земјата. „За првпат наспроти ВМРО не стои старата опозиција, туку нов глас на генерацијата израсната надвор од двопартиското милје“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc1qdhv9fjae3fc2SoGd

Ѓорѓиевски: БРТ е едно од повеќето функционални решенија за градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryup4301a81e6e25w49u4

(Видео) Ѓорѓиевски: Распишан тендерот за предквалификација за брз автобуски превоз во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-librarytdqo9uftd1429gAU7e7

Ѓорѓиевски: Жените се столб на нашата држава и незаменлива сила во демократскиот развој

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryndi0d8e5mo6k0TnLzbH

Ѓорѓиевски со честитка за 8 Септември: „35 години независност, гордост и непокор“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања