ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Левица: Антикорупциска комисија цела година не покренува постапка за Еролд Муслиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
50250552858_c1667b3294_c

Цела година Антикорупциската комисија одбива да отвори предмет против директорот на Агенцијата за разузнавање – Еролд Муслиу, иако до институцијата се доставени три приговори за постоење судир на интереси во работата на Агенцијата. Според сомневањата, Муслиу спротивно на Законот за спречување на корупција го вработил лицето Васко Шутаров кој претходно бил ангажиран во невладината организација „Нексус”, каде извршна директорка е токму неговата сопруга – Афродита Муслиу. Ако се разгледаат извештаите на оваа невладина организација, речиси и да нема никаква разлика со владината пропанда за шиканирање неистомисленици, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Дополнително, против Муслиу е поднесен приговор дека без распишување на јавен оглас во Агенцијата го вработил лицето Фуат Стафа – брат на Државниот правобранител Фехми Стафа. Ако се има во предвид фактот дека Државниот правобранител ја застапува Агенцијата за разузнавање за работни спорови иницирани од вработени во Агенцијата, евидентна е намерата за влијание врз оваа установа и загрозување на правата на вработените.

Уште минатата година од кабинетот на претседателот Пендаровски, под плаштот за наводна загриженост за работата на безбедносните служби, упатија апел Антикорупциската комисија да ги разгледа овие наводи и да утврди дали постои одговорност кај директорот Муслиу. И покрај сериозните обвинувања за незаконско работење и оддавање државни тајни со кое се компромитира работата на безбедносните служби, Антикорупциската комисија цела година одбива да отвори предмет против Еролд Муслиу и да преземе соодветни дејствија преку кои ќе ги потврди или отфли наведените сомнежи.

— реклама —

Токму почетокот на работењето на Антикорупциската комисија го бележеше засилено отворање на предмети по најразлични пријави, што резултираше со нејзина привидна ефикасност, која во јавноста ги третираше помалите корупциски скандали на сметка на покрупни афери. Професионалноста и објективноста на оваа комисија е евидентно нарушена, со оглед на тоа дека Комисијата без речиси никакви административни филтри експресно покренува иницијативи против функционери кои не се дел од оваа власт, а кои често се отфрлени поради нивната недоволна правна поткрепеност. Молкот и непостапувањето за прекршувања на законите од страна на највисок функционер на институција е јасен доказ дека и оваа Комисија е узурпирана од интересите на власта и претставува продолжена рака за штитење на нејзините криминали, без никакви санкции за сторителите, се вели во соопштението од Левица.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања