Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Левица бара разрешување на министерот за образование и наука и директорот за развој на образование

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Левица бара разрешување на министерот Јетон Шаќири и на директорот на БРО – Зекирија Хасапи.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Неодамна, Бирото за развој на образование на својата веб страна објави насоки за реализација на наставата од прво до шесто одделение, по новиот скандалозен концепт, и истите ги достави до училиштата. За работите да бидат дополнително усложнети, насоките од БРО се судираат и косат со важечките законски прописи од Законот за основно образование и Законот за учебници. Насока која се коси со важечките законски прописи е минималниот пропишан неделен фонд на часови кај модуларните наставни предмети (15 односно 16 часа)! Само за споредба, согласно важечките законски прописи, минималниот пропишан неделен фонд на часови изнесува 20 наставни часа. За најголем дел од новите наставни предмети речиси не постои соодветно квалификуван кадар. Учебниците, според споменатите насоки, се прогласени за незадолжителни, што е во спротивност на важечкиот Закон за учебници!“, велат од партијата.

— реклама —

— реклама —

Според Левица, најмногу загрижува тоа што МОН молчи, односно не се произнесува, а до училиштата ниту нема доставено каков било официјален документ, додека Бирото за развој на образование упатува насоки, кои се спротивни на важечките законски одредби.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања