Левица бара скратување на договорите на определено време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Borislav_Krmov_Levica_vo_parlament

Денес, пратениците на Левица поднесоа два предлог -закони до Собранието на Република Македонија, кои се однесуваат на намалување на цената на патарините и намалување на времетраењето на договорите на определено време.

— реклама —

„Со првиот предлог-закон, предлагаме намалување на висината на енормно високата цена на патарините за 50 проценти. Дополнително, со нашите предложени измени, се предвидува одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието.

— реклама —

Со вториот предлог-закон, пратениците од Левица предлагаат намалување на горната граница од пет години на шест месеци за договорите на определено работно време. На овој начин, ќе се стимулираат работодавците да ги пријавуваат работниците на неопределено време, со што се обезбедува материјална сигурност за работниците.

— реклама —

Дополнително, предлогот на Левица предвидува и исплатата на платата да се реализира најдоцна до петтиот ден од месецот, со што ќе се намалат можностите за манипулација од страна на работодавците“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања