Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Левица: Бугаризација на македонското малцинство во Aлбанија - Oриѓански никаде го нема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Makedonsko-malcinstvo-vo-Albanija

Како последица на квинслингшките „добрососедски договори“, во Македонија се отворија портите за агресивна пропаганда, чија отворено искажана и јасна цел е бугаризација на македонскиот народ и македонското малцинство во соседните држави, вели Левица.

— реклама —

„Имено, на крајот од овој месец се отвори „бугарско друштво“ во општините во Албанија каде доминантно живеат Македонци. Допочнително, на учениците им се дава парична стимулација за учење на бугарски јазик, помеѓу младите се дели бугарски книги и литература кои наметнуваат туѓ историски наратив, а на возрасните дури им се нуделе и бугарски пасоши, со убедување дека им гарантирале висока заработувачка во земјите на ЕУ.

— реклама —

Исто така, анти-македонистот Виктор Стојанов објави видео каде јасно се гледа дека фрлањето на крстот во општина Пустец е проследено со бугарски знамиња! За потсетување, во Тирана постои Македонски културен клуб, каде Владата го постави за директор познатиот владин поддржувач Златко Ориѓански. Според нашите информации, иако Ориѓански им ветувал книги и друга помош на жителите од Корча и Пустец, Македонците од Албанија ништо немаат добиено.

Сета оваа агресивна пропаганда се надоврзува на признавањето на бугарското малцинство во Албанија, откако Бугарија ѝ се закани на Албанија со вето за влезот во ЕУ. Со оглед на фактот што на ниту еден попис во Албанија никој не е изјаснат за Бугарин, јасно е дека ова е уште еден чекор до бугаризација на македонското малцинство.

— реклама —

Левица апелира на итна и неодложна владина реакција насочена кон заштита на македонското малцинство во Албанија согласно меѓународната регулатива! Неопходно е запазување на малцинските права, подобрување на општествениот и социјален статус, како и заштита на националната самоидентификација на Македонците во Албанија, која моментално е во ерозија.

— реклама —

Акциите на бугарските агентури се охрабруваат од вазалноста на врховистичката Влада, а недејствувањето на македонските институции, само уште еднаш ја исфрли на површина децениската системска негрижа за македонските малцинства“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања