Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Левица: Бујар Османи и Апостол Симовски да објаснат за скандалот со веќе внесените матични броеви при попишување на дијаспората

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Popis_2021

Покрај скандалозното решение за споделување на лични податоци од страна на “блиски лица”, кое е спротивно на Европската конвенција за човекови права, очигледно Владата не може да ги заштити личните податоци ниту на иселените во дијаспората. Повеќе македонски иселеници реагираа дека при обидот за внесување на матичен број, добиле известување дека матичниот број веќе е внесен во апликацијата - иако прв пат се регистрирале, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Од левица во истото додаваат:

Ова претставува сериозен пропуст, затоа што се работи за лични податоци чиј пристап е заштитен со закон и било каква злоупотреба на истите претставува кривично дело. Се поставува прашањето, дали поради слабиот одзив за попишување во дијаспората, Владата се обидува со фалсификување податоци вештачки да ја зголеми бројката на попишани лица?

— реклама —

Фактот дека се работи за апликација која беше креирана преку донација од бугарска фирма, чиј претставник во Македонија е поранешна советничка на Кочо Анѓушев, уште повеќе ги зголемува сомнежите за политички договори околу пописот. Во самата методологија на пописот, меѓу другото, не постои дистинкција помеѓу резидентно и нерезидентно население, поради што се сомневаме дека власта ќе ги злоупотреби бројките на нерезидентното население за да прикаже поголема популација од реалната.

Ова е уште еден непоколеблив показател дека Владата предводена од СДСМ со сите методи и злоупотреби се обидува политички да профитира од пописот и затоа Левица одбива да учествува во нелегитимен и нелегален попис, кој има за цел единствено да ги задоволи апетитите на владејачката коалиција, се вели во соопштението од Левица.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања