„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Левица: Дали криминално работење во ФЗОМ е причина за доцнење на исплатата на надоместокот за породилно отсуство?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —

Бројни пораки со апел да кренеме глас за заштита на најмалите, очигледно заборавени од државата, ни пристигнаа на наша адреса. Мајките реагираат дека веќе два месеци, а според некои и дури три месеци, се доцни со исплатата на надоместок на плата за работнички кои користат отсуство поради бременост, раѓање и родителство, а и отсуство за нега и заштита на дете. Во нив има и самохрани мајки кој ова им е единствен приход, а и такви каде другиот родител ја изгубил работата во новонастанатава ситуација, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Иако на мајките неколку пати им било кажано дека ќе ја добијат паричната помош, никакви средства се уште не се исплатени. Дополнително, имаме информации дека има доцнење и на еднократната помош за новороденче неколку месеци пред да почне кризата.

Во услови на здравствена криза кога голем дел од работниците ги изгубија своите работни места, недозволиво е било какво доцнење на исплати! Органите на прогонот допрва треба да утврдат дали се работи за криминално работење од страна на поранешниот директор Ден Дончев, за кој веќе постојат обвинувања во јавноста. Дали Обвинителството веднаш ќе поднесе постапка за утврдување одговорност поради неисплатата на надоместок, со оглед на тоа што сведоци сме дека репресивниот државен апарат експресно реагираше изминативе два месеци за казнување на прекршување на полицискиот час?

Исто така, ја повикуваме и заменик-претседателката на Влада – Мила Царовска да ѝ објасни на јавноста зошто доцнат исплатите за породилно отсуство и исплатите за еднократен надоместок за новороденче, во услови кога техничката Влада со најновиот ребаланс на буџетот не се откажа од енормните непродуктивни трошоци,  се вели во соопштението од Левица.

 

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања