ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Левица досега поднесе 425 приговори за изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
apasiev

Полиичката партија Левица досега поднела 425 приговори за нарушување на изборниот процес до Државната изборна комисија, а ќе продолжи да поднесува уште во текот на денот.

— реклама —

Од партијата нагласуваат приговорите се поднесени по бројни нерегуларности во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за случени манипулации и фалсификати.„

„Овие приговори се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на Партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК.

— реклама —

Со овие манипулативни активности директно е оштетена Политичката партија Левица, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани“, велат од Левица.

Дополнително, оттука известуваат дека поднесувањето приговори ќе продолжи и во текот на денов, се до завршување на законскиот рок од 48 часа.

https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/615122592747586

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања